Забелешката на Ника е особено симпатична: Јелена Карлеуша откри кој ѝ е омилен фудбалер на нејзината ќерка
Гордата мајка Јелена Карлеуша откри дека нејзината ќерка Ника има симпатија, и тоа не било каква...
Малата Ника Тошиќ љубовта кон спортот очигледно ја наследила од нејзиниот татко Душко, а веќе некое време тренира фудбал.
Според дресот на Ника е и повеќе од јасно за кој српски клуб навива, а како некој кој го сака фудбалот, редовно ги следела и случувањата на Светското првенство во Катар, каде исто така имала свои фаворите.
Нејзината мајка и позната пејачка Јелена Карлеуша, неодамна откри и кои ѝ се фаворити, односно кој ѝ е голема симпатија помеѓу фудбалерите на нејзината ќерката.
Секако, како што оди тоа со нејзините години, не ѝ било лесно да се одлучи само за еден, па тогаш пронашла компромисно решение.
„Ника е најголем обожавател на Светското првенство, таа е мојата мала фудбалерка. Досега беше заљубена во Роналдо, но пред некој ден забележав дека како позадина на телефонот ѝ е фотографијата од Нејмар. Ја прашав: „Чекај, Роналдо ништо, поранешна љубов“, на што ми одговори: „Можам јас да сакам и два фудбалери“. Така е, Ника“ - кажа гордата мајка.
фото: Принтскрин / Инстаграм