Заборавете на црното: Како дискретно да внесете шаренило во секојдневните комбинации?
Не е толку тешко како што изгледа, дури иако си обожавател на темните бои, кога е облеката во прашање.
Пролетта е вистинско време да внесеш малку шаренило во своите секојдневни комбинации. Доколку не си обожавател на боите, можеш тоа да направиш на многу суптилни начини. Ти подаруваме неколку предлози кои можеш без никакви проблеми да ги прилагодиш на својот стил.
Нема ништо лошо во црните и темни секојдневни комбинации од глава до петици и кога си во брзање ова секогаш ти се гледа како наједноставно решение. Но, сепак пролетта е тука и е вистински тајмин за во животот да внесеш малку ведрина и шаренило. Своите секојдневни комбинации можеш малку да ги разведриш без да направиш некои драстични промени. Нема сите да се чувствуваат удобно во розева маичка или жолти панталони, но ова се начините преку кои можеш суптилно да внесеш шаренило на себе.
# Начин број 1: Чанта
Доколку не си подготвена веднаш да облечеш шарена облека, започни со чанта или ранче во боја. Ова ќе изгледа супер со многу комбинации, доколку бојата која најчесто ја носиш е во црни, бели или сиви нијанси. Боите како што се розевата или кралско сината се моментално во тренд, а ова е одличен начин да ги износиш оваа пролет.
# Начин број 2: Направи си шарени нокти
За оние на кои боите им се ужасно нешто, лакот за нокти во боја е вистинскиот избор. Со оглед на тоа дека можеш да го извадиш без проблем кога ќе посакаш, не е голема парична инвестиција и не е ефектен, а е одличен прв чекор. Наместо црн или без лак, следниот пат кога ќе ги лакираш ноктите, пробај со некои светли бои. Дури доколку ти е премногу сите нокти да ставиш такви бои, можеш барем на секоја рака по еден прст.
# Начин број 3: Фустан во боја
Ова е веќе напреден чекор, наменет за оние на кои боите не им се толку голем проблем. Некогаш не купуваме облека во боја, за да го намалиме стресот околу креирањето на аутфитот и комбинирањето на различните бои, но кога се фустаните во прашање, го нема тој проблем. Затоа можеш својот плакар да го освежиш со додавање на слатки пролетни фустанчиња. Еднобојни, со цвеќиња... што да и влезе во око, пробај.
# Начин број 4: Јакна во боја
Уште еден начин за да внесете боја во своите секојдневни комбинации, а да не ризикувате премногу е јакната во боја. Јакните во пастелни нијанси изгледаат одлично, а оваа пролет се носат и кожни јакни во боја. Изгледа одлично со фармерки и обична маичка, а твојата едноставна комбинација за секунда ќе изгледа пролетно.
# Начин број 5: Очила за сонце во боја
Сонцето полека станува главен додаток на денот, а тоа значи дека е време да ги извадиш од фиока очилата за сонце. Ова е уште еден моден додаток со кој едноставно ќе внесеш шаренило во изгледот, без да се чувствуваш премногу шарено. Црвените очила изгледаат навистина кул, а може да побараш и некои кои имаат светлорозеви стакла.
# Начин број 6: Од глава до петицити во една боја
Доколку претходно наведеното е премалку за тебе и сакаш бои, нема подобар начин од овој. Наместо да бидеш црна до глава до петици, еден ден на пример биди портокалова од глава до петици. Маичка, панталони, чевли/патики... се во една боја - која не е црна или бела е предизвик, но зошто еден ден не пробаш нешто малку поинакво. Експериментирај! Што лошо може да се случи?