Загатката е решена: Еве зошто има дупчиња на капачињата од пенкалата (ВИДЕО)

Загатката е решена: Еве зошто има дупчиња на капачињата од пенкалата (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // School zone

Многу луѓе се изненадени откако откриле дека дупчињата на капачињата од пенкалата имаа цел да спасат живот...

Стандардните пенкала со капачиња е првите со кои многу деца во основно училиште учеле да пишуваат.

Некои од нас го џвакале капачато или дури ги претвараа во свирчиња со помош на малото дупче, за кое многумина не знаат дека има функција да спаси живот.

Иако многу од нас го отфрлаат тоа како „нешто што има врска со мастилото“, дупчето всушност е тука од многу поважна причина.

Зак Ди, кој редовно споделува мали откритија кои ги смета за интересни, ја откри тајната на дупчињата на капачињата на пенкалата. Тоа го направи на Инстаграм.

Во видеото кое има повеќе од 3,1 милиони прегледи, објасни: „Дали некогаш сте се запрашале зошто капачето за пенкала има мала дупка?“

„Па, поголемиот број луѓе мислат дека тоа има некаква врска со мастилото, но вистинската причина е многу поважна од тоа. Компаниите кои ги произведуваат пенкалата со капачиња всушност се должи да ги додадат овие мали дупчиња. Таа дупка е доволно голема низ неа да дојд воздух во случај капачето да му се заглави во грлото на некој човек“ - вели тој во видеото.

Многу негови следбеници беа изненадени од неговото објаснување за постоењето на дупчињата и во коментари го покажаа своето воодушевување и изненадување од таа информација.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: