Започна сезоната на топли напитоци: Рецепт за највкусната бела чоколада со вкус на портокал

Започна сезоната на топли напитоци: Рецепт за највкусната бела чоколада со вкус на портокал

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Топлото чоколадо е еден од оние напитоци кои ги пиеме кога ќе започнат студените денови. Иако често е вашиот избор кога ќе одите во кафуле со своите пријатели, можете да си ја подготвите и сами. Наместо класичното темно чоколадо, ти го предложуваме овој рецепт за бела чоколада, кој дефинитивно ќе те освои од прва. А за уште поубав вкус, ќе додадеме и портокал, а со тоа ќе добиете иделен есенско - зимски напиток кој ќе ги згрее душата и телото.

Состојки:

# 500 милилитри млеко

# 80 грама бело чоколадо

# 100 милилитри слатка павлака

# 4 лажици ликер или сируп од портокал

Начин на подготовка:

Млекото ставете го во сад на оган и додајте му ја слатката павлака и скршете го белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи и претвори во еднолична, мазна смеса. Кога ќе се случи тоа, чоколадата тргнете ја од оган и додадете го ликерот или сирупот од портокал.

Пред послужување, врвот на чоколадото можеш да го украсиш со какао, цимет, чоколадни трошки, шлаг или карамела. Тоа се нашите предлози, но ти слободно можеш да додадеш некој друг додаток за кој мислиш дека одговара на овој вкусен напиток. Уживај.

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: