Започнете свој блог
Посветени сте на нешто? Сакате сите да знаат за тоа? Еве што може да направите - ОТВОРЕТЕ БЛОГ. Прочитајте ги овие неколку совети за тоа како да имате успешен и посетен блог и што треба да направите пред да го отворите...
Запишувајте
Пред било што да објавите и споделите на Интернет неколку пати прочитајте го за да бидете сигурни дека текстот е во ред. За она што го објавувате да не биде обично чкртање, можете да им го дадете на другарите или другарките да го порочитаат за да бидете сигурни дека е во ред.
Добар изглед
За вешиот блог да привлече внимание и многу посетители одлучете како ќе изгледа. Без разлика дали тоа ќе биде моден дневник, списание или на него ќе објавуваате критики за книги или филмови мора да одберете и добар изглед.
Одберете име
Направете истражување по другите блогови и видете како се именувани, ако не успеете побарајте помош од друштвото. Во секој случај одберете уникатно и единствено име.
Читајте
Проверете што пишуваат другите, не само на Интернет туку и во списанијата и потоа размислете за стилот на пишување кој ќе го имате на блогот.
Што сакате?
Најдобро е да пишувате за работите што ги сакате. Без разлика дали е тоа модата, животните, книгите, музиката или патувањата пишувајте за она што најмногу ве интересира.
Бидете другари
Ако пишуваате за себе или блогот го направите во форма на дневник, не ги споменувајте другарите или другарките или она што им се случило, така само ќе ги вознемирирте.
Совршена фотографија
Пронајдете оригинални фотографии со кои ќе ги илустрираате текстовите на блогот, но внимавајте тоа да не бидат фотографии на кои сте вие.
Бидете креативни
Следниот чекор е да го направите блогот. Посетете ги бесплатните Интернет страници посветени на блоговите и видете која најмногу ви одговара.
Размислете
Запомнете дека што и да објавите на Интернет, тоа ќе остане таму засекогаш, затоа пред да објавите било што размислете неколку пати.