Зејн ја покажа новата фризура: Никогаш не ја носел косата на овој начин (ФОТО)

Зејн ја покажа новата фризура: Никогаш не ја носел косата на овој начин (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Зејн изгледа одлучи малку да го промени изгледот...

Порано имаше различни должини на косата, а потоа и целосно ја избричи главата, а сега си направи фризура каква што најверојатно никогаш никој не би очекувал дека ќе направи. Луѓето се шегуваат дека изгледа како да дошол од Јамајка.

Дали се во врска Зејн и Селена Гомез? Кој знае! Она што го знаеме е дека Зејн има нова фризура и мислењето на обожавателите околу неа се поделени. Досега во својата кариера носеше различни фризура - од долга до скроз кратка, а изгледа дека сега сакал нешто ново, што никогаш не носел и што никогаш на никој не би му паднало на ум дека ќе носи. Внатрешни плетенки! Многумина во коментари прашуваат како му текнало да го направи тоа, а други му велат да ги отплете што поскоро.

Главните коментари сепак се оние кои го исмејуваат и се шегуваат на негова сметка. Во нив пишува дека Зејн мислел дека има друга боја на кожата, бидејќи овие фризури се специфични за луѓето со потемни тонови на кожа, со оглед на тоа што и нивната коса има поинаква текстура, па ваквите фризури им помагаат да ја „скротат“ косата. Така некои го исмејуваат Зејн дека изгледа како да дошол од патување во Јамајка, а други го нарекуваат „My Black King“.

На некои им се допаѓа оваа фризура и мислат дека му стои многу добро! Мислењата секогаш се поделени, па така и овој пат. Како ви се допаѓа новата фризура на Зејн?

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: