Зема 3,4 милиони долари: Познатиот шминкер и инфлуесер ја продаде својата „Барби куќа од соништата“

Зема 3,4 милиони долари: Познатиот шминкер и инфлуесер ја продаде својата „Барби куќа од соништата“

Објавена во: Мода // Moj стил

Многу пари вложи за да ја уреди вилата по свој вкус...

Еден од најпознатите светски инфлуенсери и шминкер Џефри Стар ја продаде својата необична вила, која ја нарече „Барби куќа од соништата“ за 3,4 милиони долари.

Вилата која се наоѓа во Калифорнија има шест спални соби, седум бањи, огромна дневна соба и голем двор, но и простран трезор направен на барање на шминкерот.

Во тој трезор може да се пристапи само со отпечаток од прст и со скенирање, а додека јутјуберот живееше во вилата, вооружен чувар стоеше пред вратата за никој да не влезе.

Она што оваа куќа ја издвојува од другите се и розевите ѕидови. Имено, тој многу пари и време вложи во својот дом, откако го купи, со цел да изгледа како во него да живее Барби.

Меѓутоа, без оглед на сѐ, кужата не можеше да ја продаде по повисока цена и автоматски е во губиток, бидејќи кога ја купи во 2016 години, за неа даде 3,5 милиони долари.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: