Жена која имала редок и агресивен рак сведочи: „Во ремисија сум“
Жена која имала редок и агресивен рак сподели како Бог одговорил на нејзините молитви, сведочејќи дека официјално е во ремисија.
Џејли Робинет објави моќен потсетник за оние кои се соочуваат со невозможни ситуации. Таа на својот Инстаграм профил храбро сведочеше за чудесното исцелување кое го добила од Бога. За жал, ѝ бил дијагностициран еден од најретките и најагресивни видови на рак. Таа имала сарком на коските и нејзиниот тумор мутациски товар бил пет пати поголем од кој било пациент во САД кој ја имал истата дијагноза.
„Имав тумор кој создаде своја коска што ми го кинеше мекото ткиво“, објасни таа.
Лекарите и рекле дека лекувањето е бесцелно
Таа дополнително ја сподели процедурата низ која морала да помине. Лекарите сакале да и ги отсечат градите, ѕидот на градниот кош и дел од грбот за да спречат ширење на клетките на ракот. Но, тогаш таа одлучила дека нема да помине низ тоа. Лекарите и рекле дека нема лек и да се подготви за најлошото.
„Тие рекоа дека ракот ќе го зафати моето тело за само неколку недели“, се сеќава таа.
Притоа, таа нагласи дека, според лекарите, нејзиното закрепнување е медицински невозможно. Но, и покрај тоа, таа веруваше дека ништо не е невозможно за Бога. Една година и еден ден по нејзината дијагноза, таа направила ПЕТ скен и ја открила чудесната вест. Таа сведочеше на видеото кое го објави на социјалните мрежи: „Официјално сум во ремисија. Никаде во моето тело нема знаци на болест. Бог одговори на нашите молитви“.
Целото сведочење погледнете го во продолжение: