Зендаја како излиена: Повторно брилираше на црвениот килим
Што мислиш? Погледни го фустанот и кажи ни го твоето мислење!
Пред неколку дена се одржа Critics' Choice Awards, а како и на секое доделување на награди, познатите прво прошетаа на црвениот килим и ги покажаа своите елегантни и интересни комбинации. Најмногу внимание овој пат привлече Зендаја со својот розев фустан.
Таа носеше светло розова комбинација на Tom Ford, која е дел неговата нова колекција за пролет 2020 година. Додека долниот дел, односно здолништето беше нормално и не се разликуваше од вообичаните здолништа, горниот дел, металик топчето, беше главна ѕвезда на комбинацијата. Сето ова го украси со едноставни додатоци - мали дијаманстки обетки и розеви чевли.