Зендаја влезе во историјата: Моментално е најмлада добитничка на наградата „Еми“

Зендаја влезе во историјата: Моментално е најмлада добитничка на наградата „Еми“

Објавена во: Stars // Филм

Младата американска актерка вчера се запиша во историјата...

Зендаја едноставно се истакна последните неколку години, а како шлаг на тортата сега дојде и признанието за тоа!

Младата американската актерка, која на 24 години вчера се запиша во историјата, кога ја доби наградата Еми за главна женска улога во драма, за толкувањето на ликот Ру во серијата „Еуфорија“ на ХБО.

Со ова Зендаја стана најмладата актерка на која некогаш ова и успеало. Таа истовремено е и втора афроамериканка која некогаш освоила главна награда за улога во драма - пред неа ова го достигна Виола Дејвис за улогата во серијата „Како да се извлечеш од убиство“.

Прифаќајќи ја наградата, секогашната Дизни ѕвезда покажа дека израсна во прекрасна девојка и амбасадорка на различностите, искажувајќи почит кон судијката на американскиот Врховен суф Рут Бејдер Гинсбург, која почина минатата недела, а ги повика и гледачите да се пријават за гласање на претстојните претседателски избори.

„Знам дека ова е чуден момент за славење, но сакам да кажам дека има надеж за сите млади луѓе. Знам дека нашата серија не делува секогаш како добар пример за младите, но знам дека за младите луѓе има надеж. За сите мои соборци кои се на улиците и се борат: ве гледа, ви се воодушевувам и ви благодарам“ - рече таа.


Може да ве интересира:

(ФОТО) Најубавите фустани на „Emmy 2020“ од домашна атмосфера

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: