Животни лекции вредни злато: Се сеќавате ли на цртаниот филм „Пчеличката Маја“?

Животни лекции вредни злато: Се сеќавате ли на цртаниот филм „Пчеличката Маја“?

Објавена во: Stars // Филм

Вовремекогаанимиранитефилмовизадецасепреполнисонасилство, решивмедавепотсетименаеденкојносиеднаважнапорака...

Станува збор за цртаниот филм „Пчеличката Маја“, со кој израснаа многу генерации. Пораката на крајот од секоја епизода е и повеќе од јасна „Биди вреден како пчела“, која и денес може да се слушне од многу родители кои на овој начин ги воспитуваат своите деца.

Ликот на вредната пчеличка Маја е лик кој плени со својата трудољубивост, но и чесност. Инаку, оваа хероина е стара повеќе од 100 години, а светлината на денот ја здогледа во 1912 година, кога германскиот автор Валдемар Бонселс ја објави првата книга, насловена како „Авантурите на пчеличката Маја“.

Ова книжевно дело за деца, пред повеќеод 40 години доживеа и своја екранизација во форма на серијал, но и во форма на анимирани филмови, кои се прикажуваа во кината ширум светот.

Значи, нешто повеќе од 40 години, оваа вредна пчеличка лета и ден денес низ домовите ширум светот. Маја на европските екрани пристигна најпрво во Герминија, земјата од која и за првпат полета, преку перото на авторот Бонселс. Патот на ТВ екраните почна од Јапонија, каде во тоа време, европските продукциски куќи своите идеи ги претвораа во дела. Премиерно беше пуштена на 9 септември 1976 година на втората програма на германскиот јавен сервис „ZDF“. 


Интересен е фактот што голем број на луѓе и денес можат да ја испеат песничката од цртаниот филм за пчеличката Маја, а тоа го потврдува и коментарот на чешкиот композитор на песната, Карел Гот.

„Пчеличката Маја е вистинско национално богатство што успеа да стигне до срцата на повеќе од три генерации. Оние кои во тоа време биле деца, сега се баби и дедовци.“

Овој текст е напишан како поддршка на иницијативата на UM Скопје за подигање на свеста за важноста на пчелитеи нивната фасцинантна природа, во рамките на UM Impact Day (https://bit.ly/3zeOwka).

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: