Зорана е повторно русокоса: Шокантната трансформација на инфлуенсерката предизвика бројни реакции (ФОТО)
Иако неодамна порача дека никогаш повеќе нема да биде русокоса, блокерката шокираше со овој потег...
Контроверзната инфлуенсерка Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, со секој свој чекор привлекува големо внимание, а со своите реакции често предизвикува реакции во јавноста. Така беше и овој пат.
Иако публиката ја засака како русокоса, инфлуенсерката во последната една година значително ја затемни косата, и нејзиниот физички изглед секогаш е актуелна тема. Додека едни навиваа Зорана повторно да стане русокоса, други сметаат дека темната коса совршено ѝ прилега.
Денес на нејзиниот Инстаграм следуваше вистински шок за нејзините следбеници, бидејќи Зорана одлучи да ја осветли косата, поточно повторно да биде русокоса. Својата долга кафена косам ја замени со сивкасти тонови, со кои веднаш се пофали на Инстаграм, каде коментарите само се редеа.
„Не кревајте паника“ - напиша таа, а многумина се сомневаат дека во прашање е само перика.
Како и обично, транформацијата на Зорана предизвика бројни реакции, а мислењата беа поделени.
„Личиш на Јелена Круниќ со оваа фризура“, „Грдо е“, „Русата коса одлично ти стои, преубава си“, „Потполно си непрепознатлива, изобличена“, „Поубава си со темна коса“ - се само некои од коментарите.
фото: Принтскрин / Инстаграм