Зошто бабите повеќе ги сакаат внуците од сопствените деца?
Колку време поминувате со својата баба?
Според неодамнешното спроведено истражување, внуците кои имаат блиска емоционална поврзаност со својата баби имаат помалку шанси да бидат депресивни во иднина. За среќа бабите ја имаат таа навика на своите внуци да им дадат многу повеќе љубов, понекогаш и повеќе отколку на сопствените деца.
А, еве и поради кои причини се случува тоа:
# Колку се постари луѓето, толку се помеки и помудри
Жените најчесто стануваат баби кога веќе го проживеале животот полн со избори и разочарувања. Со тие научени лекции, тие стануваат помеки, позрели и поотворени за создавање на значајни врски со другите луѓе, почнувајќи од своите внуци.
# Бабите имаат поинакви приоритети
Кога една жена ќе стане баба, нејзините приоритети се менуваат. Децата, односно вашите родители им се пораснати и немаат потреба константно да им помагаат. Конечно имаат време да бидат со своите внуци. Им се наближува пензионирањето и секое слободно време може да го искористат за да ги научат внуците на сѐ што знаат.
# Бабите не се критичари како родителите
Обично на секое дете му е многу лесно да ги засака своите родители, бидејќи живее со нив и ги дели нераскинлива врска. Меѓутоа, родителите понекогаш може да бидат многу критички настроени кон своите деца, што ги фрустрира двете страни.
Бабите не ги казнуваат своите внуци поради лошо однесување, како што некогаш што го правеле тоа на нвините деца. Бабите секогаш се трудат да ги придобијат своите внуци, да ги разгалат со љубов и играчки, а не со казнување и критикување.
# За своите внуци може да направат сѐ што не направиле за своите деца
Кога жените ќе станат баби, тие со своите внуци може да прават сѐ што не можеле да го прават со своите деца. Може да анализираат каде направиле емоционална грешка со своето дете и подобро да постапат со своите внуци. На нив може да им искажат љубов без стрес, одговорност и грижа која ја имаат родителите.
# Улогата на баба е помалку стресна и комплицирана од родителската
Родителите се одговорни за едукацијата на детето и основните потреби, а бабите ја немаат таа улога. Улогата на баба е важна, но таа ги нема иститие одговорности како онаа што ја имаат родителите. Нивната улога е фокусирана на давање на емотивна поддршка и совети.
Дали вашата баба ве опсипува безконечна љубов?