Зошто родителите треба да ти бидат најдобри пријатели?

Зошто родителите треба да ти бидат најдобри пријатели?

Објавена во: Совети // Семејство

Знам дека често ти одат по нерви, не ти дозволуваат да излезеш со друштвото, те тераат да учиш и не ти дозволуваат да ги изгледаш СИИИИИТЕ видеа од нашите јутјубери, меѓутоа твоите родители се најважните личности во твојот живот, а еве и зошто треба да ти бидат најдобри пријатели.

# Го знаат решението за сѐ

Тие се возрасни и поминале низ сѐ, па затоа ќе знаат да ти помогнат со секој проблем или болка што ја чувствуваш.

# Можат да ги препознаат лажните пријатели

Да, можеби сега ти звучи чудно, можеби ѝ се лутиш на мајка ти кога ти кажува дека некој другар/ка се дружи со тебе од корист, или дека не ти мисли добро, меѓутоа родителите имаат некое шесто сетило кога станува збор за ова, затоа верувај им. Сепак, сакаат само да си ги заштитат децата, нели?

# Искусни се

Твоите родители го преживеале сето тоа што ти го поминуваш сега, па затоа можат најдобро да те советуваат, за да не ги повториш нивните грешки.

# Секогаш се гордеат со тебе

Тебе можеби те нервира кога на новата профилна на Фејсбук мајка ти ќе ти искоментира „Лепотиче на мама :*“, ама знај дека секој пат кога ќе донесеш петка дома или им кажеш дека те пофалиле на училиште, тие се гордеат со тебе.

# Тие те научиле кои се најважните работи во животот

Родителите се првите учители во твојот живот и тие те научиле дека треба да сакаш, да простуваш, да веруваш во себе и да помагаш. Иако понекогаш ти звучи дека ептен забегуваат со некои совети, кога ќе станеш повозрасен/на ќе ги сфатиш што сакале да ти кажат.

# Секогаш се тука кога ти треба помош

После караница со другар или со дечко/девојка, трчаш во прегратка кај мама или тато. Тие се секогаш тука да те ислушаат и да те утешат. А ако ја имаш таа среќа со твоите родители да споделуваш сѐ, биди сигурен дека ќе знаат да ти дадат корисн совет.

# Ти помагаат да станеш подобра личност

Кога ќе те искараат за нешто, а тебе ти се чини како да се неправедни, знај дека тие го прават тоа со цел да те научат како да станеш подобра личност. Тоа им е цел во животот, затоа сакаат да те научат како да постапуваш правилно.

# Тие навистина се твоите најдобри пријатели

Да, факт е дека ти треба друштво во животот и некој не те спречува во тоа, меѓутоа кај родителите си сигурен/на дека нема да издадат некоја твоја тајна и дека секогаш ќе бидат на твоја страна.


Кике Цветче

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: