Ѕвезди со полициско досие: Кои холивудски ѕвезди имаат завршено зад решетки?
Законот е еднаков за сите и никој не е над него, нема врски ниту ако сте богати и популарни.
Да, дури и ѕвездите може да западнат во проблеми со полицијата и да завршат во затвор. Токму тоа се случи со некои девојки од оваа листа, а за кои можеби никогаш не би јажале дкеа би можеле да имате полициско досие.
# Бела Хадид
Познатата манекенка во својата младост имала пробеми со алкохолот. Додека во 2014 година се враќала од една забава, не го видела знакот „СТОП“ и за малку ќе се удрела во полицискиот автомобил. Полицајците веднаш ја уапсиле, ѝ бил направен алкотест на кој е утврдено дека возела под влијание на алкохол. Ѝ била одземена возачката на една година, морала да работи 25 часа општествено корисна работа и да помине вкупно 20 часа на состаноци за лекување на алкохоличари.
# Мишел Родригез
Ѕвездата пред скоро 20 години била уапсена поради пребрзо возење и возење под дејство на дрога. Но, очигледно не ја научила лекцијата. Во 2007 година, околу божиќните празници била осудена на 180 дена затвор поради слични проблеми.
# Клои Кардашијан
Клои исто така искусила какво е чувството да за се заврши зад решетки. Во 2007 година била застаната на улица и била уапсена поради возење под дејство на алкохол. Судијата ѝ одредил општествено корисна работа и присуствување на состатоци за лекување на алкохоличари. Но, Клои на тоа не одговорила, па судот ѝ пресудил нова казна: 30 дена затвор. Наместо 30, Клои поминала само еден ден во затвор. Едноставно ѝ се посреќило, бидејќи затворите биле преполни, а кога во ќелиите нема место, американската полиција ги ослободува ненасилните престапници.
# Парис Хилтон
Богатата наследничка на ланецот хотели Хилтон, на почетокот на 2000-тите била она што Кардашијан се денес. Дури и денес многу популарната Ким некогаш ѝ беше асистентка на Парис. Во 2007 година беше уапсена поради поседување на кокаин и доби 45 дена затвор. Во 2010 година поторно беше уловена со малку кокаин, а тогаш судот ѝ одреди 228 часа општествено корисна работа.
# Никол Ричи
За Никол вреди она „со кој си, таков си“. Познатата пријателка на уште попознатата Парис Хилтон беше апсена повеќе пати поради тепачки под дејство на алкохол и користење на забранети супстанци. Осудена е на затворска казна од 4 дена, но од тоа во затвор поминала нешто повеќе од 1 час, поради пренатрупаност во ќелијата.
# Линдзи Лохан
Ѕвездата на „The Parent Trap“ и „Mean Girls“ имаше турбулентна младост. Неколку пати била уапсена поради возење под дејство на алкохол и поседување кокаин, поради што била осудена на условни и затворски казни. За среќа, Линдзи успеа да се извлече од пеколот на алкохолот и дрогата и денес е среќна и успешна и на професионален и на приватен план.
# Рис Витерспун
Кој би помислил дека „американската слатка девојка“ која остана запаметена по улогите во сите оние романтични комедии, би можела да има проблеми со Законот. Но, не треба да ѝ судите на книгата според нејзината корица. Полицијата во 2013 година ги запрела неа и нејзиниот сопруг на автопат. Рис почнала да се кара со нив и на крајот била уапсена поради напад на полициските службеници.
# Ники Минаж
Во 2003 година, тогаш 20-годишната Ники била уапсена поради поседување и обид за напад со огнено оружје. Таа на својот Инстаграм во 2021 година зборуваше за своето искуство со полицијата и за апсењето, а објавата во меѓувреме ја избриша.
фото: Принтскрин / Инстаграм