Според многумина таа требаше да победи на "Макфест": Слушнете ја "Душа" на Лара Иванова (ВИДЕО)

Според многумина таа требаше да победи на

Објавена во: Stars // Музика

„Кога душата пее, збори, допира и кине во исто време“

 Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на овогодишниот фестивал "Макфест", кој се одржа пред неколку дена. 

 Лара буквално ја "разнесе" сцената во Штип со нејзината изведба на песната "Душа" и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација. 

 Инаку "Душа" е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем.
 "Душа" доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. 

 - "Душа" мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика - вели Лара. 

 Да не должиме многу, уживајте во најновото остварување на Лара Иванова: 


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: