„Ти не си мајка, ти си лоша личност“: Синот ѝ се обратил на мајката која го оставила - Неговата тага и болка ги трогна сите кои го погледнаа ова видео
На социјалните мрежи се појави видео - инсерт од емисијата каде се организира средба на мајка и син кои со години биле разделени затоа што таа го оставила. Трогателните зборови на момчето многумина ги расплакаа, а коментарите говорат многу.
Момчето вели дека не сака да ја прегрне мајка си бидејќи таа не го посетила девет години. Слушаше само изговори и го повредуваа таквите зборови. Тој и рекол на својата мајка дека иако таа му кажувала дека се бори за него, тоа всушност не е точно бидејќи доколку таа се бореча, тој немало да биде под старателство на неговиот татко.
Тој дури и рече дека не може да ја погледне бидејќи таа не е мајка, туку ужасна личност. Други детали не се познати, зошто жената на видеото не го гледа детето, и каков е нејзиниот однос со поранешниот партнер, таткото на момчето. Не треба да се избрзува со заклучоци, но детската болка изразена во неговите зборови ги трогна оние што го погледнаа видеото и коментираа: „Мал човек со толку големи зборови, почит“, „Постар е од мајка му“, „И камен би заплакал", „Овие зборови можат да ги разберат оние кои пораснале без мајка. Многумина од нас пораснале така и таа болка останува засекогаш во душата", „Болка која зборува 1.000 зборови", „Тажно е да се види како некои деца брзо растат“, „Каква тага и жалост. Мали, ја заслужуваш сета љубов на светот“, „Браво мила, тажно“.
Со овие зборови момчето изрази колку му недостига мајка си, колку му недостасува неговата љубов. Се надеваме дека нивниот однос се променил, се подобрил, дека немало повеќе изговори и дека овие солзи биле заменети со прегратки и насмевки.
Фото: ПринтскринИзвор: Zena.blic.rs