10 чудни навики во кои секој ќе се пронајде!
Луѓето на Твитер ги споделуваат своите чудни навики и со некои многумина може да се поврзат...
Сите сигурно имаме барем по една чудна навика која не сакаме да ја признаеме на останатите или пробуваме да ја сокриеме.Но, овие храбри луѓе на Твитер заедницата ги споделија своите најчудни навики, пишува Boredanda, а ние издвоивме само 10.
# Кога јадам, почнувам со она што ми е најмалку вкусно па одам кон тоа што најмногу го сакам. Така ми има уште поубав вкус.
# Го мерам времето во песни... На пример, ми требаат две песни за да се истуширам.
# Вратите на сите плакари мораат да бидат затворени ред да заспијам.
# Јачината на музиката во автомобилот мора да биде парен број.
# Слушам музика само на една слушалка, со другото уво слушам што се случува околу мене.
# Постојано зборувам самата со себе и си правам сценарија во глава.
# Често спијам на под покрај креветот бидејќи ми е поудобно.
# Не можам да заспијам пред да ја свртам перницата на ладната страна.
# Доколку некој кивне покрај мене, го држам воздухот барем 15 секунди.
# Ништо не кријам на мобилниот, но кога на некој нешто му покажувам и тој некој ми го земе мобилниот, сакам да го убијам.