10 девојки кои светот ги смета за грди имаа храброст да му го докажат спротивното

10 девојки кои светот ги смета за грди имаа храброст да му го докажат спротивното

Објавена во: Мода // Moj стил

Светот, за жал е уреден така што луѓето кои се разликуваат од другите, често се мета за потсмев. Потребна им е голема храброст да си ги сакаат сите „различности“ во поглед на надворешниот изглед и да се изборат со комплексите.

Овие 10 девојки во продолжение му докажаа на целиот светот дека тие се всушност убави. Тие воедно се инспирација за сите оние кои копнеат да бидат во хармонија со себе.

# Илка Брухл (Ilka Brühl)

Оваа девојка се родела со расцеп лицето, но болеста не ја скршила. Таа верува дека светот е исполнет со убавина и својата животна приказна ја споделува на Инстаграм.

# Софија Хаџипантели (Sophia Hadjipanteli)

Големите споени веѓи од оваа девојка од Кипар направија вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Ја нарекуваат модел кој успеал да ги промени стандардите на убавината.

# Сванти Паулина (Swantje Paulina)

Оваа ведра девојка не пробува да ги сокрие пеѓите и се гордее со различноста која и е подарок од природата. На Инстаграм повеќе од 200.000 следбеници се воодушевуваат на нејзиниот изглед.

# Табрија Мејџорс (Tabria Majors)

Импозантниот „плус сајз“ модел не само што има многу следбеници на Инстаграм, каде што докажува дека не заостанува од девојките од Викторија Сикрет, туку заедно со една пријателка пишува поткасти за смелоста да се биде она што си.

# Лоте Зуидема (Lotte Zuidema)

Успешниот модел со необичен изглед успеа да ги убеди сите за својата убавина. Фотографите ја обожаваат затоа што нејзината харизма и индивидуалност го разубавуваат секој кадар.

# Алис Вилсон (Aleece Wilson)

„Никогаш не сум мислела дека сум доволно убава за да станам модел, затоа што не сум видела модели кои личат на мене.“ - вели таа. Сега на оваа девојка и се воодушевуваат Александар Ванг и Марк Џејкобс.

# Лаура Линд (Laura Lind)

Новата ѕвезда на модната агенција „Јуник моделс“, која ја прикажува разновидноста на убавината. Иако нејзината кариера само што започна, нема да не се изненади доколку за Лаура наскоро ќе почне да се зборува ширум светот.

# Арина Љубителева

Овој украински модел сака да стане пример на девојките со нестандарден изглед и е убедена дека недостатоците се нејзина предност. Токму затоа Арина не ги крие големите уши и самоуверено позира на фотографиите.

# Луна Шулц (Luna Schulze)

Харизматичниот модел не се срами од ретките заби, па дури и кога се смее ги покажува сите 32 заби. Со кариерата на оваа девојка се занимава агенцијата „Јуник моделс“. 

# Ешли Сото (Ashley Soto)

Оваа девојка имала 12 години кога дознала дека боледува од витилиго. Со гадење се присетува на тинејџерските години и потсмевот на врсниците. Сега таа има научено да се сака себе и од своето тело има направено уметнички проект.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: