Sвони за распуст - многу забава и подароци за крајот на школската година!

Sвони за распуст - многу забава и подароци за крајот на школската година!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Скопје Сити Мол подготвува нов, интересен настан, овојпат посветен на сите ученици од основните и средни училишта „Sвони за распуст“, со многу забавни содржини и подароци, за одличен почеток на летото. Со нетрпение очекуваниот крај на школската година и последното ѕвонче ќе биде означен и почетокот на дводневниот настан кој ќе се оддржи на 10ти јуни. 

Главната улога ја имаат сите ученици од основните и средни училишта за кои Скопје Сити Мол подготви кул предизвици со можност за супер подароци: Што ќе се случува на „Sвони за распуст“ настанот? 

„Покажи се! - брз квиз на знаење, дуели помеѓу ученици од основни и средни училишта, со можност за победниците да освојат еден од 30-те вредносни ваучери! 

„Летото те повикува…“ - интересна фотобут рамка за одлични летни селфиња. Летна олимпијада 2025 - интересна мини-спортска активност во која учениците се натпреваруваат во забавни предизвици и имаат можност да освојат Скопје Сити Мол златен медал за своите вештини. 

Броиме денови до еден од најсреќните моменти за сите ученици, уште само малку до крајот на школската година и супер-забавниот настан „Sвони за распуст“. Пренесете им на вашите школски другари и се гледаме на 10ти јуни во Скопје Сити Мол!

*пр објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: