10 работи што можеби не сте ги знаеле за PewDiePie

10 работи што можеби не сте ги знаеле за PewDiePie

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ретко постои некој што нема слушнато за него, тој е најпознатиот и најгледаниот светски јутјубер. Тој е „виновникот“ кој покажа и докажа дека Јутјубот може да биде професија. Во продолжение следуваат неколку факти што можеби не сте ги знаеле за него.

#1 Неговото вистинско име е Felix Arvid Ulf Kjellbergи е роден во Гетеборг, Шведска.

#2 Се откажал од факултетот за да се посвети на неговата Јутјуб кариера.

#3 Еден ден се запрашал дали би било смешно да убие пита со ласер, па оттаму му дошла и инспирацијата за името.

Pew – звук од ласер
Die – смрт
Pie – пита

#4 Од 2017-та неговиот канал е официјално најсапскрајбнатиот канал на Јутјуб, кој моментално брои 66 милиони сапскрајбери.

#5 Има напишано книга која се вика “This Book Loves You” и е многу популарна кај младите читатели.

#6 Атеист е, не верува во Бога.

#7 Има донирано преку милион долари во добротворни цели.

#8 Живее во Велика Британија заедно со неговата девојка, од пред некое време вереница, Marzia Bisognin, со која се заедно уште од 2011-та.

#9 Одбива да вработи некој за да му ги едитира видеата, сака сам да го прави тоа бидејќи сам знае како треба да изгледа едно јутјуб видео.

#10 Во Јуни 2016-та откри дека газдата го избркал од неговото студио бидејќи бил премногу гласен. На 30-ти декември 2016 изјави дека повторно бил избркан од друго место заради истата причина.

Photo credits: pewdiepie


Кике Цветче

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: