20 години подоцна: Ќерката на Хајди Клум на насловната страница на магазинот за кој позираше и мајка ѝ
Ќерката на Хајди Клум, 16 - годишната Лени Клум се фотографираше за насловната страница на магазинот „Glamour Germany“, 20 години по нејзината позната мајка која тогаш ја красеше насловната.
Чени кажа дека долго време имала желба да се фотографира за споменатиот магазин, но дека мајка ѝ тоа не ѝ го дозволувала порано.
„Сега конечно можам да се занимавам со манекенство и многу сум возбудена поради тоа“ - додаде Лени и истакна дека ѝ е чест да биде на насловната страница на чија прва насловна била нејзината мајка.
„Хајди сигурно е горда“, „Лени е убава како ангел“, „Каква мајка - таква ќерка, Лени е преубава“, „Лени ќе ја наследи Хајди, а можеби ќе биде и поусмешна од неа“, „Лени е нереално убава, изгледа како кукла“ - се некои од коментарите на насловната на Лени.
Лени тргна по стапките на познатата мајка, работи со сѐ повеќе компании, а Хајди и Лени неодамна заедно ја „красеа“ насловната страница на магазинот „Вог“. На наследничката на Хајди ѝ се предвидува блескава кариера, а поради нејзината нереална убавина може да ја престигне и популарноста на својата мајка.