4 совети за девојките со кадрава коса: Како да го вратите сјајот на локните?
Во продолжение ти подаруваме неколку совети кои ќе ти помогнат на локните да им го вратиш сјајот.
# Убаво ишишана коса
За девојките со кадрава коса најважен е добриот стилист за коса, кој знае како да ги скрати локните кои потоа ќе изгледаат убаво и кога косата е испеглана. Важно е да се внимава на долниот дел од косата, за да не биде претежок во однос на горниот. Исто така, мора да се внимава и на прамените околу лицето.
# Малку шампон, многу регенератор
За кадравата коса многу се важни производите кои одговараат на тој тип на коса и истите ќе можеш да ги најдеш во дрогериите. Многу е важно да се внимава на количината на производите кои ги нанесуваш на косата, а најдобрата формула за тебе е: да нанесеш шампон во количина колку што е голема монетата од 1 денар, а регенератор во количина од монета од 5 денари. Шампонот секогаш добро треба да го измиеш за да не се таложи на темето, а регенераторот се нанесува смао на 3/4 од косата - никако на коренот.
# Регенератор во спреј
Регенераторите кои не се мијат се одличен избор за кадрава коса, која често изгледа како да е сува. Можеш да нанесеш на врвовите и помеѓу прамените, наместо производите за стилизација.
# Прстите се најдобра алатка за брза фризура
Девојките со кадрава коса имаат среќа, бидејќи фризурата може да се поправи било кога и било каде - со помош на прстите. Косата се дели на 10 - 15 делови и со прстите се извлекуваат локните.