5 совети за експресно шминкање: Како набрзина да се подготвиш за онлајн наставата?
Трикови со чија помош ќе изгледаш многу подобро за помалку од 10 минути...
Во продолжение се најдобрите совети за брзо шминкање за да можете да изгледате свежо и одморено пред камерата, дури иако сте се разбудиле 10 минути пред почетокот на наставата.
# Комбинирајте ја хидратацијата и покривањето на несовршеностите
Верувајте ни, тонираната крема за лице ќе стане вашиот омилен козметички производ. Освен што длабински ќе ја хидратизира кожата и ќе и дава здрав сјај, исто така има пигменти кои помагаат во прикривање на несовршеностите. Но, најдобрата работа кај овој производ е дека нема да ви потребни 10 минути за да постигнете ретуширан ефект - за веб камера ќе ти биде доволно само да ја нанесеш и размачкаш кремата.
# Користете коректор
За сите несовршености кои тонираната крема не ги прикрива, само нанесете малку коректор кои дополнително ќе ги камуфлира несовршеностите. Коректорот во светла нијанса можете да го нанесете и на подрачјето под очите и ќе изгледате многу посвежо и будно, дури иако сте се уште поспани.
# Маскарата е „must have“
Нанесете малку маскара само на надворешните краеви на трепките и ќе изгледате како да имате природно полни и долги трепки и очи како бадеми.
# Ставете руменило
Понекогаш лицето на камера изгледа бледо и еднолично, поради тоа одберете руменило во нежна розева нијанса и нанесете го на јаболкниците за да изгледате здраво и одморено.
# Не заборавајте на усните
Камерата освен вашиот тен, ја следи и бојата на вашите усни. Нанесете сјај или мелем во боја, која за нијанса ќе биде потемна од вашата вистинска боја на усните и вашите усни ќе изгледаат полно и сочно, дури и преку камера.
Најдобро од се е тоа што овие за 5 чекори нема да треба да се будите два часа пред предавањето. нема да ви треба цела вечност, туку само 10 - тина минути, а резултатите ќе бидат видливи.
Бонус совет: доколку имате лаптоп, прошетајте се со него низ собата и пронајдете го идеалниот агол и светлина, за да се прикажете во што подобро светло.