5 удобни и топли фустани кои изгледаат совршено во дневни и вечерни верзии
Дознајте кои модели на фустани ќе бидат модерни оваа сезона
Доаѓањето на зимата ни наметнува нови трендови, па оваа сезона посебен акцент ќе биде ставен на одредени модели на фустани. Фустанот е омиленото парче облека на многу жени бидејќи можете да го постигнете целиот изглед во еден потег, а се истакнуваат и затоа што лесно се комбинираат. Подолу одбравме пет модели на фустани кои ќе бидат модерни оваа зима:
1. Кожени фустани
Секој пат кога сакате да оставите моќен впечаток - било да е тоа деловен состанок или „дејт“, изберете кожен фустан - класика за сите времиња.
2. Плетени фустани
Плетениот фустан е секогаш безбеден избор. Имено, без разлика кој предмет на облека е, фино плетениот материјал секогаш изгледа елегантно и лежерно.
3. Фустани со висока јака
Овие модели на фустани во есен се носат и за секојдневни пригоди и за вечерни настани, а на вас е да го изберете дезенот кој најдобро го отсликува вашиот стил.
4. Плишани фустани
За разлика од претходните зимски сезони, плишаните фустани се едноставно задолжителен елемент во гардеробата оваа година. За новата популарност на плишот, многумина „виновникот“ го гледаат во тоа што модната сцена повторно ја нагласи желбата за дотерување, а доказ за тоа се колекциите за сезоната на празнични забави, во кои доминира овој луксузен материјал.
5. Долги ракави + фустан со мини должина
Краток мини фустан и гломазни чизми се дуо од соништата - правејќи толку удобен и шик излед во исто време.
Извор: stil.kurir.rs