Запознајте ги „Bloomers“: Нова долна облека која може да се носи како куси тренди панталони
Конечно, модата едноставно стана позабавна ова лето!
Блумерс, историска долна облека од 19 век, се врати во светот на модата и одлучена е тука да остане. Доколку сè уште не сте забележале, погледнете ги социјалните мрежи и ќе видите дека овие романтични шорцеви ги носат сите инфлуенсери.
Оваа долна облека порано се носела под волуменозните фустани и здолништа, но сега инфлуенсерите решија да го претворат ова парче облека во трендовски шорц кој може да се носи во секоја пригода. Па, како да ги носите со стил и женственост ова лето?
Одберете боја
Само што почнуваме! Избирете светла нијанса како црвената боја и создадете
униформен изглед. Комбинирајте го со маица со дезен во иста нијанса и ако
навистина сакате да бидете „all in“ додадете чевли во иста нијанса.
Дали блумерсите, изгледаат премногу лежерно? Не повеќе! Изгледот се надополнува со модерен горен дел, како што е морнарската маица со точки. Секако, можеби не се најдобри за во канцеларија, но е идеална комбинација за викенд ручек.
Овие шорцеви доаѓаат и како бермуди. Го подобрува изгледот со носење проѕирен горен дел или свилена маичка. Ваквиот изглед се комплетира со балетанки и очила за сонце и имате најженствен аутфит за кратко време.
Покрај памучните модели, има и сатенски, светкави верзии кои се секси и совршени за во лето. Се носат во топлите летни денови со тесен горен дел кој го остава непокриен струкот и импресионира со својата едноставност.
Блумерите се апсолутен тренд на сезоната и време е да им се даде шанса. Со малку имагинација и забавен став, може да создадете изглед кој ќе направи да се чувствувате како вистинска модна икона.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zenskimagazin.rs