7 чекори до поубави и поцврсти нокти
Убавите и цврсти нокти се сон на секоја девојка, особено во овој период од годината кога се наближуваат сите забави и прослави. Но, за да можете да направите новогодишен маникир, треба да имате убави и цврсти нокти.
Постојат неколку начини како да ги направите ноктите поцврсти и да ги направите поздрави.
# Маникир
Правете маникир барем два пати месечно. Во спротивно, изгледот на ноктите брзо ќе се расипе и нема да изгледаат убаво и негувано.
# Хранлива крема
Барем еднаш дневно нанесете на ноктите и рацете хранлива крема, инаку кожата нема да ја добие влагата која е неопходна за јакнење на ноктите.
# Отстранувач на лак без ацетон
За да го отстраните лакот, користете течност без ацетон. Запаметете, ацетонот е непријател на ноктите, бидејќи може да ја исуши плочата на ноктите.
# Исхрана
Во секојдневната исхрана внесете намирници богати со калциум: смокви, риба, црвено месо, бадеми, млечни производи, сок од морков и спанаќ.
# Одморете ги ноктите
Доколку секогаш сакате да имате маникир, знајте дека е важно периодично да го отстраните лакот од ноктите, така што ноктите ќе одморат неколку дена.
# Сок од лимон
За да бидете ослободени од жолтите нокти - измијте ги со лимонов сок кој е како природен избелувач.
# Маска за нега на нокти
За редовно подобрување на плочите на ноктите неопходно е да користите маска за нега и зацврстување на ноктите.