905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!
Минатата среда на првиот круг Претседателски избори, 49,93% од населението го оствари правото на глас и постапи одговорно кон најважната граѓанска обврска. Вкупно 905.958 граѓани знаат дека нивниот глас е нивното најмоќно оружје и единствено средство за изразување на нивните убедувања и очекувања, односно 905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“.
Секој од овие 905.958 гласа, директно влијае во формирањето на политичките одлуки, кои подоцна го диктираат нашето секојдневие. Но, вкупниот број на избирачи во избирачкиот список е 1.814.317, што покажува дека 908.359 граѓани не учествувале во креирањето на сопствената држава и не допринеле во заедничката борба за подобра иднина.
Доколку токму ти си дел од граѓаните кои не гласале, тогаш треба да знаеш дека не е само еден глас, туку се 908.359 гласа и дека сите овие луѓе веројатно размислувале исто како тебе: - „Не гласам, затоа што еден глас на овие избори нема да промени ама баш ништо“.
Вашето отсуство на изборите, го ограничува вашето право и на тој начин, нема да ја исполните вашата најважна граѓанска должност. Гласањето не е само привилегија, туку и одговорност. Време е да го промениш начинот на размислување и да разбереш дека одлуките ги носиш ти и во секоја одлука учествуваш ти. Иако е само еден глас, можеби токму твојот, ќе пресече во одлуката, затоа на следниве избори излези, кажи го твоето мислење, искористи ја моќта на гласачкото право и гласај.
Гласај, затоа што овој глас има многу поголемо значење отколку лајк на инстаграм. На овој 8 мај гласај за да ја оправдаш твојата граѓанска должност, за потоа да не го изразуваш твоето незадоволство во коментари на социјални мрежи. Овој пат гласај, бидејќи иднината што ја посакуваш не можеш да ја изградиш со инстаграм следбеници, ниту со споделување на фејсбук статуси, туку со заокружување на идејата што се совпаѓа со твоето мислење, а твоето мислење е важно. Заокружи, бидејќи „Не е до нив, до тебе е“.
Со тоа што ќе го искористиш правото на глас, се грижиш за твоите блиски и сакани, се грижиш за заедничката иднина и им даваш одличен пример на новите генерации. Доколку на овие избори излезеш и гласаш, ќе бидеш позитивна промена за сите околку тебе и ќе ги мотивираш и останатите да ја искористат нивната супер моќ. Гласај, за да им покажеш и на останатите 908.358 дека не е до нив, до нас е.
Секој глас има еднаква моќ. „Не е до нив, до тебе е“, ако и овој пат не ги преземеш работите во свои раце, затоа што твојот глас има влијание, излези и ГЛАСАЈ!
ПР објава