Адисон и Брајс се отследија на Инстаграм: Тој ги објави сите детали од нивната драма
Адисон Реј пред само неколку дена изјави дека би сакала уште следната година да се омажи, но дефинитивно не мислеше на своето поранешно момче, Брајс Хол, кога го кажа тоа. Тие двајца веќе долго време не се заедно, а овој пат работата е толку сериозна што дури не се следат на Инстаграм. Со оваа интеракција, Брајс Хол зборуваше зошто имале драматична разделба - Адисон од друга страна, не се согласува со неговата страна на приказната.
Брајс за скандалот помеѓу него и Адисон кој се случи во април во Атлантна го кажа следното: „Пред да заминам во Атланта, зборував со Адисон и работите беа во ред. Потоа ни беше убаво, зборувавме, одмаравме. Тогаш се појавија приказните за другиот маж и тоа ме погоди право во срце, бев шокиран. Твитнав дека сум бесен и дека ќе експлодиран и сето тоа беше во налет на бес“ - призна Брајс за драмата дека Адисон имала нешто со раперот Џек Харлоу.
Адисон овие зборови ги дематираше само со коментарот: „Ова е вистина? Ова прилично е едната страна од приказната“.
На кој од нив двајца верувате?