Албино проговори за врсничкото насилство и себеприфаќањето: Почнав да се шегувам на своја сметка
Стјепан Јелица, попознат по неговото уметничко име Албино, е продуцент и музичар од Босна и Херцеговина кој е роден со албинизам. Тој се разликува од другите по физичкиот изглед но својата уникатност успеа да ја претвори во уметност. Досега има снимено многу хитови и дуети со познати музички ѕвезди.
Сепак, на почетокот не било се така лесно, а Албино не разбирал многу работи. Наидувал на провокации, а со текот на времето и самиот почнал да се шегува на свој начин и така успевал да ги надминува сите тешкотии. Како што вели, првите симптоми кога сфатил дека се разликува од другите биле проблем со видот, бидејќи албинизмот влијае на тоа.
- Не можам да се сетам конкретно како научив за поимот албинизам. Дури и не истражував премногу. Најмногу ме загрижуваше проблемот со видот. Се сеќавам, кога прв пат требаше да читам, не разбрав зошто само јас не можам да прочитам. Ми требаше време да им објаснам на другите дека едноставно не гледам добро, а не дека не сакам. Моите родители го знаеа за тоа, мислеа дека не ми треба помош, изјави Албино за спрските медиуми.
Додаде дека врсничкото насилство секогаш било присутно, но денес е многу поизразено од порано.
- Секако дека стојам на фактот дека тоа е одвратно, но во денешниот свет тоа постојано се случува. Нема да кријам, во моето детство имаше секакви ситуации. Можеби тоа не е физичко насилство колку што е психичко. Сите се повлечени и осамени, дури и повеќе од порано. Детството го поминав надвор, поминувајќи време со луѓе. Барем на некој начин воспитувањето ми беше поздраво, ако го споредиме со ова денес, изјави раперот, а потоа откри како успеал да се снајде во ситуацијата во која се нашол.
-Почнав да се шегувам на своја сметка и тогаш на сите им стана чудно. Кога ќе кажам некој виц пред нив, тие беа зачудени и не знаеа што да кажат понатаму кога ќе видат дека тоа не ми пречи Додуша, навистина ми пречеше во некои ситуации, но по некое време се навикнав. Најважно е да се прифатите себе и да разберете дека тоа не се недостатоци. Во многу случаи, таквата ситуација може да се сврти во сопствена корист, изјави Албино, пренесува српски Курир.
Денес Албино е се покативен на музичката сцена, а поркај изгледот праи и одлична музика која брои милиони посети.
Фото: albinonemogucci/instagram