Амар Гиле по трет пат ќе стане тато: Пејачот пресреќен откри што би сакал да добие, а веќе смислил и име за бебето

Амар Гиле по трет пат ќе стане тато: Пејачот пресреќен откри што би сакал да добие, а веќе смислил и име за бебето

Објавена во: Совети // Семејство

Во семејството на популарниот пејач владее голема среќа, бидејќи наскоро доаѓа ново засилување...

Пејачот Амар Гиле Јашарспахиќ и неговата избраничка Мирела минатата година добија син, а сега чекаат уште едно дете. Семејството му е многу важно, а децата никогаш не се доволни, па оваа вест многу ги израдува сите.

Не можел да ја скрие среќата, а семејството ја прославило радосната вест.

Наскоро ќе пристигне и третото бебе, а пејачот за локалните медиуми откри дека би сакал тоа да биде девојче.

Иако секогаш постои одредена доза на страв и напнатост кога се работи за вакви работи, пејачот вели дека се надева дека се ќе биде во најдобар можен ред.

Тој бил многу возбуден и вели дека веќе смислил име за бебето. Нему, како што рече, му се допаѓа името Сара, но овој пат ќе ја остави сопругата да ја донесе конечната одлука како ќе се вика новороденчето.

Да потсетиме, Амар Гиле и неговата сопруга Мирела го имаат синот Златан, кој има нешто повеќе од една година, а има уште еден син од претходниот брак.

Семејството ќе стане побогато за уште еден член во ноември или декември.

Фото: Инстаграм
Извор: Glossy.espreso.co.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: