Анастасија и Гудељ се вистински модни икони во Шпанија: Пејачката во цветен топ и панталони, а очилата за сонце се полн погодок (ФОТО)

Анастасија и Гудељ се вистински модни икони во Шпанија: Пејачката во цветен топ и панталони, а очилата за сонце се полн погодок (ФОТО)

Објавена во: Must have, Crush Of The Week

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ е во брак со фудбалерот на Севиља, Немања Гудеља, со кој живее во Шпанија.

Анастасија често споделува моменти од приватниот живот на својот Инстаграм профил, па овој пар се сликал и на улиците на Марбела.

Анастасија ги воодушеви сите со својот стајлинг, комплет во вид на летни панталони и виолетов горен дел со цветен дезен, кој го усогласи со очила во иста боја.

Од друга страна, Гудељ носеше обична црна маичка и бели шорцеви.



За познатиот пар се огласи и Данијела Кариќ која неодамна ја роди ќерката Милица и е во породилиште.


Даниела им остави емотикон на Анастасија и Немања.

Анастасија му порачува на сопругот: „Живеам поради тебе“

Братот на Анастасија, боксерот Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана неодамна добија трет син на кој му дадоа име Исаи, а по тој повод во семејната вила на Дедиње беше организирана гала прослава.

Анастасија Ражнатовиќ не ја криеше среќата што нејзиниот брат доби трет син, а дел од атмосферата од прославата сподели на социјалните мрежи.



На прославата не можеше да присуствува сопругот на Анастасија, фудбалерот Немања Гудељ, а колку и недостига на пејачката покажа синоќа кога му посвети емотивна песна.


Снимена е додека го пее текстот: „Живеам поради тебе, те сакам и знај дека умирам, без тебе не постојам“, пеела Анастасија додека го означува Гудељ во описот на видеото.



Објавена во: Must have, Crush Of The Week

Можеби ќе ве интересира: