Аутистично девојче (3) јаде сѐ во куќата, мајка е очајна: „Се буди навечер, ги гризе ѕидовите, креветот и столчето“
Стејси А'Херн (25) побарала помош и совет бидејќи нејзината ќерка Винтер боледува од ретко нарушување во исхраната.
Синдромот пика се карактеризира со консумирање на нејадливи материјали, како земја, камен, креда, хартија... и најчесто се манифестира на возраст од една до две години.
Очајната мајка мора постојано да го следи детето, бидејќи се плаши да не се повреди.
Таа истакнува дека ја пронашла Винтер како јаде гипс од ѕидовите, полнењето од креветот, страните на столовите и како рамките за слики обидувајќи се да ја изеде и чашата.
„Нервозна е со нормална храна, но ќе го изеде сунѓерот. Таа скршила осум рамки и се обидела да ја изеде чашата. За среќа, таа никогаш не се повреди, бидејќи внимателно ја набљудувам“, објаснила Стејси.
Мајката од Блеквуд, Велс, секогаш е на „готовс“ и првпат забележала како Винтер става работи во уста кога била бебе.
Тогаш таа не мислела дека е сериозно, но работите се промениле „преку ноќ“.
„Потоа таа стана невербална и нејзините навики во исхраната ескалираа“, објаснила Стејси, која потоа го однела детето на лекар.
По деталните тестови, на Винтер во јануари годинава и било дијагностицирано нарушување синдром пика, но и аутизам.
„Ја ставив на столче, но таа не јаде грицки, туку столчето. Аутизмот влијае на нејзиниот сон, таа често се буди ноќе. Еднаш ја најдов како ги џвака креветчето и ќебето“, рекла мајката.
Таа нагласува дека е исцрпувачки да се надгледува детето 24 часа на ден, седум дена во неделата.
„Сепак, влегов во рутина и ги разбирам нејзините потреби. Успевам да и го привлечам вниманието со таканаречените сензорни игри и купив ѓердан за џвакање, специјално дизајниран за луѓе кои боледуваат од пика“.
Притоа и нуди тестенини во различни форми, бидејќи може да ги допре, да си игра со нив и на крајот да ги изеде.
„Лекарите рекоа дека не можеме многу да направиме“, заклучила мајката.
Фото: SWNSИзвор: Telegraf.rs