Бајага е скршен од болка поради смртта на Аки Рахимовски: Стана тешко од ден на ден да се простуваш
Познатиот музичар ретко се огласува, но тоа што го изгуби колегата и пријател многу го погоди...
Аки Рахимовски, легендарниот музичар почина во саботата на 22 јануари а неговата смрт изненади многумина.
Тој е еден од оние кои ги сакаше и Момчило Бајагиќ Бајага. Познат е по тоа што ретко се огласува, но овој пат направи преседам и се прости од својот пријател и колега.
„Стана тешко, од ден во ден, да се простуваш од луѓето кои го создадоа овдешниот рок, поп, џез и генерално урбаната музика и воопште уметноста. Ова со Аки навистина ме погоди, го познавав повеќе од 40 години“ - напиша тој на социјалната мрежа Фејсбук, па додаде:
„Не можеш да се помириш. Аки не исчезна во нашите срца и во срцата на луѓето кои ја сакаат неговата музика. Додека се тие песни, луѓето ќе го паметат, а тоа ќе биде многу долго“.
Аки почина во болница во Ново Место, во Словенија.