Цако на првиот работен ден: Никогаш да не престанеш да нѐ испирираш и мотивираш

Цако на првиот работен ден: Никогаш да не престанеш да нѐ испирираш и мотивираш

Го прогласија за херој на годината, по неверојатниот успех кој го постигна со останатите танчери од танцовото студио „Dancers United MK“. По освоеното прво место во Киелце, Полска, македонската јавност не престана да зборува за Александар Матовски - Цако и неговите пријатели.

Цако покрај танцувањето е творец на поезија, има своја радио емисија во која е водител и секако борец за човековите права. На крајот на 2018 година тој ја раскажа неговата приказна, а денес запиша уште еден успех во низата.

Имено, откако дипломираше на Педагошкиот факултет и стана дипломиран професор по предучилишно образование, Цако се вработи и стана дел од тимот на Град Скопје. Оваа среќна вест ја сподели неговата сестра, која сподели фотографија од неговиот прв работен ден.


„Прв работен ден на мојот Александар како дел од тимот на Град Скопје и тоа токму на неговиот 29 роденден. Со среќа и лесно мил мој! Вечно да те следи среќната ѕвезда и никогаш да не престанеш да нѐ инспирираш и мотивираш.“ - напиша во описот на фотографијата гордата сестра, Марија.

Исто така со опис „Кога за роденден ќе добиеш најубав подарок - вработување“ и Цако сподели фотографии од овој за него посебен ден.


Со среќа Цако!

Можеби ќе ве интересира: