(ВИДЕО) Положи со 10-ка: Цако сега е дипломиран професор по предучилишно воспитание
Го прогласија за херој на годината, по неверојатниот успех кој го постигна со останатите танчери од танцовото студио „Dancers United MK“. По освоеното прво место во Киелце, Полска, македонската јавност не престана да зборува за Александар Матовски - Цако и неговите пријатели.
Цако покрај танцувањето е творец на поезија, има своја радио емисија во која е водител и секако борец за човековите права. На крајот на минатата година тој ја раскажа неговата приказна, а денес запиша уште еден успех во низата.
Имено, тој го одбрани својот дипломски труд на Педагошкиот факултет. Сега е дипломиран професор по предучилишно образование. Според разработката на темата, но и одговорот на дополнителните прашања, комисијата го оцени со највисока оценка - десетка.