Чај, мраз и останати супер „лекови“ против мозолчиња

Чај, мраз и останати супер „лекови“ против мозолчиња

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Парфимерии, аптеки, козметички салони... да секаде има многу препарати кои би требало да ја ублажат појавата на мозолчињата, но против несаканото црвенило на лицето можеш да се бориш и со некои природни состојки кои веќе ги имаш во кујната.

Кесички чај

Чајот ги ублажува отоците и црвенилата, а за борбата против мозолчињата најдобар е зелениот чај или чајот од камилица. Едноставно е, земи искористена кесичка чај и малку олади ја во фрижидер. Кога ќе се олади со неа нежно помини ги подрачјата на кои имаш мозолчиња.

Мраз

Кога се во прашање акните, коцките мраз може да ти бидат најдобри пријатели, особено ако не можеш да се воздржи од допирање на лицето. Коцките мраз ќе ги намалат отоците и ќе го ублажат црвенилото.

Мед

Откако убаво ќе го исчистиш лицето, на мозолчињта нанеси маку мед и остави го да делува барем неколку часа. Медот е природен лек кој за кусо време ќе ги намали мозолчињата.

Лимон

Киселината што ја содржи лимонот ќе ги уништи бактериите и тоа ќе помогне мозолчето побргу да се залечи. Стави капка сок од лимон на чепкалка за уши и нежно помини преку мозолчето. Внимавај: во ниту еден случај немој сокот од лимон да го нанесуваш на цело лице.

Аспирин

Аспиринот е супер лек за главобола, но и за мозолчиња! Издроби една таблета и додади 2 капки вода за да добиеш густа смеса која потоа ќе ја нанесеш на мозолките. Смесата остави ја да делува околу еден час. Ниту апиринот немој да го ставаш на цело лице туку само на критичните подрачја. 


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: