Чоколадно задоволство во шоља: Нов хит пијалок кој го освои ТикТок - топла чоко бомба!
Топло чоколадо на ТикТок начин...
Зошто да направите обично топло чоколадо кога можете да го направите и на овој кул начин? Можеби ќе треба малку повеќе да се потрудиш, но крајниот резултат ќе биде толку добар што нема да се каеш за вложеното време.
Ова лето светот се зарази со треската Далгона. Сите пиеја кафе на овој малку поинаков начин. Се испратеше да се потроши повеќе време на подготовка на кафето, бидејќи изгледа убаво, а и има и супер вкус. Трендот со ова кафе започна на ТикТок, а сега од истото место почна нов тренди пијалок: Hot Chocolate Bomb! Всушност станува збор за топло чоколадо на малку поинаков, поинтересен начин. Овој пијалок пристигна во вистинско време, пред зимата и не требаше да помине долго време за да стане хит.
Ова е оној кул начин на кој можеш да си направиш топло чоколадо. Во шоља треба да ставиш чоколадна бомба, преку неа да истуриш топло млеко и како што млекото ја топи бомбата, така таа на крајот се распаѓа, создава топло чоколадо, а од неа излегуваат мали marshmallows. Доколку ова ти звучи како предобра комбинација, еве како да го приготвиш овој кул пијалок дома: