Време е за нов рецепт на Далгона кафето: Ќе уживате повеќе од сите други вкусови

Време е за нов рецепт на Далгона кафето: Ќе уживате повеќе од сите други вкусови

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Нема дилема, ова е најдобриот рецепт...

Далгона кафето се уште е тренд, а последната верзија која сите ја прават е вистински чоко напиток, на кој тешко дека ќе оддолееш. Постои верзија и без кафе, како и онаа со кафе.

Изгледа одлично за фотка на Инста, има одличен вкус, бидјеќи има состојка која малку кој не ја сака и за подготовка потребни ти се само три состојки. Станува збор за верзијата на Далгона кафе со Нутела. Ова лудило продолжува уште некое време. Инстаграмот веќе некое време е преполн со фотографии поради кои на сите им течат лиги, но наместо само да гледаш, пушти се во акција и ти направи си Нутела Далгона. Не е тешко и доколку си апсолутен лаик во кујна ќе го направиш овој рецепт. Иако и оваа верзија го носи називот Далгона, сепак не е вистинско кафе, бидејќи не содржи кафе. Она што ти е потребно за подготовка се: Нутела крем, шлаг и млеко.

Валентина Муси на својот Инстаграм профил сподели видео од подготовката на оваа верзија, а тука е и рецептот. Постапката е многу едноставна. За една чаша од овој напиток измешај една лажица нутела со 1/3 хопла за шлаг. Започни да мешаш, додека не добиеш пенаста структура на смесата. Следниот и последен чекор е во шољата да ставиш ладно млеко и неколку коцки лед и на врвот да ја истуриш претходно подготвената смеса.


По желба, за сето тоа да изгледа уште подобро и послатко, украси ја чашата со Нутела или на врвот додај коцки чоколадо, Киндер Буено или било кое друго благо кое го сакаш, а кое исто така го имаш дома.

Бонус репцет: Вистинската, односно нормалната верзија на Далгона кафето.


Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: