Да биде успешна во Виена ѝ е цел кон која стреми: Интервју со талентираната стружанка Андреа Тутенкоска

Да биде успешна во Виена ѝ е цел кон која стреми: Интервју со талентираната стружанка Андреа Тутенкоска

Андреа Тутенкоска е 17 – годишна девојка од Струга. Ученик е во втора година во музичкото училиште и веќе три години активно свири пијано.Но, пијаното не е единствен инструмент на кој свири. Имено, оваа музикална девојка паралелно свири и гитара, инструмент со кој исто така се запознава од неодамна.

„Започнав да свирам на пијано пред 3 години.Имав голема желба да свирам на пијано уште од малечка,но по одредено време го открив својот талент и така започнав со часови.“ – ни откри оваа млада и талентирана девојка.

Андреа вели дека нејзиниот талент најпрво го открила професорката Лилјана Булоска, кај која одела на часови, а не криеше ни за тоа кој жанр на музика најмногу сакаше да го свири.

„Класичната музика од секогаш ми била прекрасна за свирење, но и за релаксирање,а се случува да свирам и некои поп хитови.“ – истакна младата пијанистка, а потоа додаде и што го прави овој инструмент посебен:

„Посебен го праватчувствата што ги изразува изведувачот додека свири на него.“

Оваа млада девојка сѐ уште е на своите почетоци и нема учествувано на ниту едно музичко натпреварување, но во иднина би сакала да започне да се натпреварува и докажува. Но, затоа со една исто така млада и талентирана девојка, чие име е Сања, заедно споделија интересно музичко парче, а Андреа откри како дошло до оваа соработка.

„Сѐ беше случајно.Долго време ја слушав композицијата од Јохан Пахелбел „Canon in D“, па сакав да ја отсвирам и ѝ предложив на Сања даја снимиме заедно, а таа веднаш се согласи.Наша цел беше да ги потсетиме луѓето колку е само прекрасна класичната музика и колку вреди.“

Кога е музиката во прашање, инспирација на Андреа и е пијанистката Лола Астанова, за која вели дека со својата елегантност ги искажува чувствата кои ги чувствува кон делата кои ги изведува.

Дека напорно работи и се труди да биде успешна, говорат и нејзините планови за иднината.

„За 10 години се гледам во Виена, како успешна пијанистка.“ – откри Тутенкоска, чиј најчесто користен хаштаг е #piano.

И.М.


Можеби ќе ве интересира: