Момче од дом не се одвојуваше од својот брат инвалид: Она што им се случи, им го промени животот
Момчето не се одвојува од својот брат инвалид
До 7-годишна возраст, Досон живеел во страв дека тој и неговиот постар брат Далтон нема да добијат шанса да пораснат заедно додека чекаат да бидат згрижени.
Посвојувањето би било тешко бидејќи Далтон има церебрална парализа и епилепсија и не може да зборува. Иако неколку семејства беа заинтересирани за Досон, тој беше загрижен дека наоѓањето на вечен дом може да доведе до разделба од братчето. Сепак, велат, благодарение на Бога, со помош на Фондацијата Дејв Томас за посвојување и родителите Робин и Стивен од Флорида, момчињата сега се заедно – и напредуваат.
Кога Досон првпат пристигнал во својот нов дом на Флорида, бил второ одделение, но сепак читал на ниво на градинка. Но, со љубовта и сигурноста кои му се пружиле на него и на неговиот брат, момчето почнало да напредува одлично.
„Светлото се вклучи и играта започна“, рече неговата мајка.
Денес, Робин тврди дека не можела да посака два подобри сина.
„Досон е пресреќен затоа што доби шанса да го задржи својот брат. Тој е половина од него – тој е неговото срце“.
Медицинските проблеми на неговиот брат, исто така, го поттикнаа Досон да сонува да стане лекар, сакајќи да се грижи за луѓето на начин како што тоа го правеа лекарите на Далтон.
„Нема ништо што не би направил за Далтон“, рекол неговиот помлад брат. „Едноставно сакам да бидам со него“
Стив и Робин сега имаат комбе за хендикепирани лица и нова инвалидска количка за Далтон, а во моментов работат со локални продавачи на изградба на достапен базен.
„Далтон е најголемиот подарок што некогаш сум го добил“, рече Робин во видеото на Фондацијата на YouTube. „Тој носи повеќе радост, повеќе љубов од која било личност што некогаш сум ја сретнал“.