
Светски ден на сонот - Опоравувањето од летното сметање на времето може да трае повеќе од три недели, најмладите се најмногу погодени
Новата верзија на апликацијата Samsung Health ви помага да го подобрите вашето опкружување во кое спиење, нудејќи сеопфатни здравствени увиди за поурамнотежен живот
Дали се чувствувате поуморно кога часовникот се поместува нанапред со летното сметање на времето (ЛСВ)? Не сте единствени. Иако губењето на еден час таа ноќ кога се преминува на ЛСВ може да изгледа безначајно, анализата на навиките за спиење на корисниците[1] на Samsung Health од САД, Канада и повеќе од 40 европски земји открива брановиден ефект, кој предизвикува нарушувања на сонот во текот на неколку недели, при што најмногу се погодени помладите возрасни групи.
Летното сметање на времето го нарушува сонот, најмногу кај помладите генерации
Кога се анализира влијанието на летното сметање на времето (ЛСВ) врз луѓето следното утро, една работа е јасна – сите имаат нарушен ритам на спиење. Всушност, луѓето трошат премногу време „броејќи овци“ во ноќта на промената на времето и заспиваат во просек 33 минути подоцна од претходната вечер, а се будат 19 минути порано. Иако губењето на сон не е лесно на која било возраст, најмногу тоа го чувствуваат оние во своите 20-ти години, поради екстремно доцното легнување и очигледната неможност да се наспијат подолго.
Понатаму, функцијата Sleep Score – која ги пресметува показателите на сонот врз основа на вкупното време на спиење, времето на будење, циклусот на спиење, како и физичкото и менталното опоравување – забележала најлоши резултати во неделата по ЛСВ при што возрасната група од 20 години имала најбавна стапка на опоравување, додека постарите возрасни групи се прилагодиле многу побрзо. Дури и по третата недела, показателот на функцијата Sleep Scoreсè уште не бил стабилен, што зборува за флуктуации во квалитетот на ноќниот одмор.
Корисни совети за подобар сон и побрзо опоравување
Преодот кон летното сметање на времето (ЛСВ) очигледно го нарушува ритамот на сонот кај сите возрасни групи долго по поместувањето на часовникот. Сепак, за помладите генерации, управувањето со сонот во овој период е поважно од кога било. Во чест на Светскиот ден на сонот, Samsung споделува корисни совети кои ќе ви помогнат полесно да ги разберете вашите навики и обрасци на спиење, овозможувајќи ви подобар ноќен одмор со минимален напор.
lСоздавањето идеално опкружување за спиење е клучно за добар ноќен одмор. Подоцна овој месец, ажурирањето[2] на апликацијата Samsung Health ќе обезбеди анализа и насоки за клучните фактори што влијаат на сонот, како што се температурата, влажноста, CO2 и осветленоста. Ова ќе биде овозможено преку функцијата Sleep Environment Report[3] во апликацијата SmartThings и моќта на екосистемот на уредите на Samsung. Со подобро разбирање на тоа како вашето опкружување влијае на спиењето, ќе можете лесно да ги оптимизирате условите во просторијата за подобар ноќен одмор.
lОсвен совршеното опкружување во кое спиете, важно е да знаете како активноста влијае на нивото на енергија. Новата верзија на Samsung Health носи подобрувања во функцијата Energy Score[4], која покажува колку енергија можете да потрошите во текот на денот. Покрај сонот и пулсот, ќе биде додаден и нов фактор – Activity Consistency – кој ги анализира вашите нивоа на активност во последните четири недели, помагајќи ви подобро да ја разберете целокупната физичка и ментална состојба.
lЗа подобар сон, важно е да знаете како спиете и да направите потребни прилагодувања преку обука за спиење. Функцијата Sleep Coaching ја прави оваа задача едноставна – автоматски ги следи вашите обрасци на спиење во период од 7 дена и ви доделува симбол на „животно за спиење“ врз основа на резултатите. Со персонализирана обука можете да развиете здрави навики и рутини што ќе ве насочат кон постигнување на вашите цели за подобар сон.
Светскиот ден на сонот е важен потсетник за значењето на квалитетниот одмор. Со најновите ажурирања на апликацијата Samsung Health и екосистемот на Galaxy, Samsung останува посветен на помагање на корисниците да го оптимизираат својот сон и да водат поздрав и поурамнотежен живот.
[1]Наодите се засноваат на анализата на податоците за спиење од корисниците на Samsung Health преку серијата часовници Galaxy Watch за време на летното сметање на времето (ЛСВ) во пролетта 2024 година..
[2]Одредени функции може да варираат во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред.
[3]Функцијата Sleep Environment Report ќе биде достапна на паметни телефони со One UI 7 и Samsung Health верзија 6.29.5 или понова, кога уредот е поврзан со SmartThings.
[4]Функциите на Galaxy AI следат податоци и бараат компатибилен Samsung Galaxy телефон, Samsung Health апликација и Samsung сметка.