Новите Galaxy A365G и A26 5G -за сите што сакаат подобро, без да трошат повеќе

Новите Galaxy A365G и A26 5G -за сите што сакаат подобро, без да трошат повеќе

Објавена во: После „Школо“ // PR

Ако има нешто што го сака Gen Z, тоа е телефон што изгледа кул, слика моќно, не ‘’заглавува’’ и не го празни џебот. Samsung изгледа ги има слушнато желбите затоа што новите Samsung Galaxy A36 5G и Galaxy A26 5G се тука да го кренат стандардот за тоа што значи „пристапен, а сериозно добар“ смартфон.

Ако си тип/типка што секогаш прави сè од телефонот - дали тоа е прелистување на TikTok до 2 по полноќ, сликање за Insta или праќање voice на 10 луѓе одеднаш, ќе сакаш да го имаш во рака телефонот што не те кочи. А Galaxy A серијата оваа година ја има баш таа енергија.


Galaxy A36 5G - твојот нов секојдневен херој

Со свеж и минималистички дизајн, Galaxy A36 5G е телефонот што изгледа модерно. Супер тенок, лесен, а сепак доволно цврст да издржи цел ден. Има Super AMOLED екран од 6.5 инчи што значи, што и да гледаш, ќе изгледа живо, остро и живописно.

Камерата? 50MP, плус уште неколку паметни леќи за портрети. Во превод: нема да ти требаат десет филтри за да изгледа сликата добро. И да, ноќните слики се на ниво и конечно можеш да сликаш со друштво после журка без да изгледате како сенки.

Galaxy A26 5G – лесен за џебот, тежок по карактер

Galaxy A26 5G е како оној пријател што секогаш е тука кога ти треба, не се истакнува, ама секогаш ја знае работата и е тука во секое време да ја ‘’спаси’’ било која ситуација. Со батерија што трае два дена (да, ДВА), голем екран и супер брз процесор, ова е уредот што ќе ти помогне да гледаш серии, да играш игри и да пушташ voiceи на repeat без никаков стрес.

Овој модел е совршен за оние што сакаат да влезат во светот на Galaxy, ама без паника за цената. И изгледа топ, со нијанси што ќе ти одговараат на стилот, дали си спортски, минимал или бохо енергија.

А Galaxy A56 5G? За оние што сакаат сé, и веднаш!

И не, не го заборавивме Galaxy A56 5G - телефонот што веќе направи бум кај Gen Z. Со 5G, моќна камера и батерија што издржува сè, Samsung Galaxy A56 е наменет за оние што сакаат смартфон што е во чекор со нивниот брз начин на живот. Овој уред е веќе хит, ама ако бараш нешто малку поедноставно, а сепак квалитетно – тогаш Samsung Galaxy A36 и Samsung Galaxy A26 се тотален погодок.

Кој A е твојот стил? Без разлика дали си always on the move или chill во парк со слушалки, новите Samsung Galaxy A модели се тука да ти дадат што ти треба а притоа да не ти го испразнат паричникот. A со Try Galaxy апликацијата можеш да ги тестирате Galaxy функциите дури и ако не користиш Samsung - фино, нели?

Сега е време да си го најдеш новиот омилен уред. Бидејќи не се работи само за телефон - се работи за твојот стил на живеење.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: