
Зегин онлајн е најпопуларна е- продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година
Вчеравечер, по четврти пат се одржа настанот “E-commerce Awards” (Награди во е-трговијата)- годишна иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија чија цел е препознавање на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е- продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубовта секогаш резултираат со успех.
Доказ за успешноста е токму оваа награда, четврта по ред, која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина – велат од компанијата.
Во тој контекст , по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mkсе прошируваат. Компанијата ЗЕГИН најавува и новитет кој наскоро ќе биде лансиран, а тоа е мобилна апликација со која услугите на компанијата ќе станат уште подостапни за сите граѓани.
ПР објава