Дејвид и Викторија Бекам го освоија подиумот: Уживаат во часовите по салса со ќерката Харпер

Дејвид и Викторија Бекам го освоија подиумот: Уживаат во часовите по салса со ќерката Харпер

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Викторија Бекам на своето семејство му приреди интересно дружење, кога ја однесе ќерка си Харпер и сопругот Дејвид на час по салса.

Модниот дизајнер сподели забавен увид во тоа како изгледаат семејните часови по танц на Инстаграм. Таа на подиумот ги покажа своите танцови потези од времето на „Спајс девојките“ и ги прилагоди на ритамот и играта. Дејвид заостануваше зад неа, а Викторија не можеше, а да не го исмее додека го гледаше како се обидува да ги изврти колковите.

- Јас, Дејвид и Харпер одиме на салса. Дејвид се загрева на паркингот. Едвај чекам да ја видам салсата на Дејвид Бекам – изјави Викторија во видеото кое го сподели на Инстаграм.

Потоа, таа продолжила да снима од студиото, снимајќи го својот сопруг додека несигурно се врти околу подиумот.

- Како се чувствуваш - праша Викторија.

- Ова долу е одлично, ова горе е малку тесно - рече Дејвид.

Задевајќи го, Викторија рекла: „Дали се обидуваш да ги опуштиш колковите?“.


Викторија беше сигурна дека и во високи потпетици може да го изведе секој танцувачки чекор. Облечена во црни хеланки и маичка.

Во меѓувреме, Дејвид влезе во танцувачкиот дух во црни панталони, темна маица со бел ремен и бели патики, кои даваат свежина на темните алишта.

На видеото се гледа како парот го покажува она што го научил од учителот Мичо Валдес и се чини дека Дејвид е природен талент и може да и парира на својата сопруга.


Фото и Видео: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: