Делуваат како добра идеја, а потоа следи каење: 6 работи кои треба да ги знаеш пред да се одлучиш за шишки

Делуваат како добра идеја, а потоа следи каење: 6 работи кои треба да ги знаеш пред да се одлучиш за шишки

Објавена во: Мода // Moj стил

За сево ова размисли пред да заиграат ножиците...

Пред да направиш шишки, земи си еден ден за да размислиш, длабоко земи воздух и запрашај се дали тоа е она што навистина го сакаш. Кога еднаш ќе направиш шишки, ќе ти треба долго чекање за истите да се вратат во „нормална“ должина.

Шишките дефинитивно се голема обврска. Доколку со овие 6 работи немаш проблеми, тогаш оваа фризура е вистински избор за тебе:

# Погледни каков е обликот на твоето лице

Колку и да е популарна некоја фризура и колку и да изгледа супер на некој, немој слепо да го бркаш трендот. Луѓето имаат поинакви облици на лицето и не може на сите една фризура да им стои еднакво добро. Можеби не ти одговара еден тип на шишки, но доколку навистина ги сакаш, поглед како е најдобро да ги направиш. Апсолутно кратки шишки, рамно скратени, шишки на страна... опции има милион, само треба да ги истражиш. Затоа пред да договориш термин кај твојата фризерка, ова нека ти биде една од главните насоки.

# Истражете ги фризурите што можете да ги направите и видете дали тоа ви се допаѓа

Кога ќе ги скратиш шишките, можеби фризурата која ја имаш нема да биде тоа што била и нема да изгледа еднакво добро. Затоа пред да ја направиш оваа промена, отвори Инстаграм или Пинтерест и погледни какви фризури носат девојките со шишки. Доколку вообичаено носиш пуштена коса со патец на страна, сега тоа повеќе нема да биде опција. Секако, пред да пронајдеш нов начин за тоа како да ја носиш косата, сигурно ќе се случи и некој лош избор, но доколку навистина сакаш шишки и ги направиш, не се откажувај, туку застани пред огледалото и пробувај.

# Дали шишките ќе се вклопат во твојот животен стил и секојдневние?

Дали си тип на личност која цело време накаде брзо? Се подготвуваш во 10 минути, бидејќи нема шанси да се разбудиш половина час порано за да ја направиш фризурата? Тренираш некој спорт за кој косата не смее да ти биде на лицето? Тоа се прашања кои треба да ги имаш на ум. На пример, да имаш шишки и да се занимаваш со некој спорт, можеби не е баш најдобра комбинација. Освен што ќе ти пречат, доколку носиш лента за да ги тргнеш од лицето, шишките скеогша чудно ќе ти стојат. Исто така, доколку брзаш некаде цел ден, исто така е можно шишките повеќе да ти пречат, отколку да уживаш во нив. Меѓутоа, затоа секогаш е добро во чантата да имаш обична црна шнола со која ќе ги зацвртиш кога ќе те полудат.

# Биди подготвена за редновни средби со твојата фризерка

Фризерката и ти ќе станете најдобри пријателки доколку планираш да направиш шишки. За момент може да ти пораснат толку што ќе ти пречат, но не толку за да можеш да ги тргнеш од лицето. Ќе ти одат во очите, а така може да ти предизвикаат и чести главоболки. Шишките се фризура која треба редовно да се одржува. Фризерката нивното кратење нема да ти го напраќа скапо, но биди подготвена дека ќе мора да одиш кај неа многу почесто отколку сега.

# Нема да можеш да ја миеш косата навечер, да заспиеш со мокра и наутро да се разбудиш со супер фризура

Со шишки, вакво нешто за жал е невозможно. Иако уредите за стилизирање на косата не се добри за истата, кога имаш шишки, ќе се уловиш дека ги користиш повеќе отколку што би сакала. Доколку косата инаку ти е непослушна, веројатно ќе треба да поминеш со пеглата по шишките за да бидат рамни или да ги извиткаш со фигаро, доколку сакаш да ги носиш на тој начин. Сушењето на косата со фен, фенирање, уреди за исправање - сето ова ќе ти стане секојдневие.

# Ќе се изначекаш додека да ти се вратат шишките во „нормалната“ должина

Доколку си тип на личност која често сака да менува фризура, со шишки тоа не е можно. Доколку ти здодеат по неколку месеци, нема да можеш да го промениш тоа. Чекањето на шишките да ти пораснат е најлошата работа со оваа фризура. Треба да имаш трпение и нерви за да пронајдеш нови начини како да ги тргнеш од лицето кога не се ниту кратки ниту долги. Долго ќе бидеш во онаа чудна фаза кога нема да знаеш што и како со нив.

Дали си подготвена на сево ова?


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: