Деми Ловато за пореметувањето во исхраната: Мораа да ме следат за да не јадам пред снимањата

Деми Ловато за пореметувањето во исхраната: Мораа да ме следат за да не јадам пред снимањата

Објавена во: Stars // Музика

Деми Ловато е некој кој отворено зборува за своето проблематично минато - а, дека е проблематично, докажуваат и нејзините приказни. Имено, освен познатите приказни за користењето на наркотици, таа откри дека со години имала и пореметување во исхраната. За тоа неодамна зборуваше во друштво на екипата од својата серија „Sonny With A Chance“, а ја отвори душата и за Bustle и можеби беше искрена повеќе од било кога.

Деми вели дека нејзиниот претходен тим морал да ја следи пред секое снимање: „Ноќта пред снимањата бев под надзор на тимот, за да бидат сигурно дека ништо нема да јадам за да не бидам подуена следниот ден.“ Сега таа соработува со Скутер Браун и има сосема поинаков начин на живот. „Тоа сега е минато. Во сосема поинаков свет сум, не се подготвувам за снимањата, јадам од „Subway“ за појадок.“ - вели таа.

Во карантинот Деми научила како да ги контролира своите емоции и дека е сосема во ред да се исплаче: „Пред карантинот не си дозволував на себе да плачам. Но, сега мојата чувствителност е посилна и се чувствувам поблиску до другите луѓе.“ - вели Деми.

Деми се чувствува поблиску до другите луѓе, но исто така научила кој и е навистина близок, а кој треба да го држи подалеку од себе: „Луѓето кои се со мене секој ден се луѓето со кои сум посебно поврзана и важно е што можам да им верувам. Со нив сум искрена, транспарентна, нежна. Доколку имам паничен напад среде снимање, можам да седнам во гардеробата и таму да има некој кој ќе ми помогне“ - истакнува таа. Во овој круг на луѓе секако се и нејзиниот менаџер Скутер, нејзиното момче и наблиските пријатели.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: