„Денес прв пат го гледаше својот татко во живо“: Неодоливите фотки од трибините на Стефан Џоковиќ го освојуваат светот!
Според правилата на големите турнири, мали деца не може да бидат на трибините за време на мечот. Но, сега Стефан доволно порасна и конечно може да го бодри својот татко на натпреварите.
Најдобриот српски тенисер, вчера го победи Хенри Лаксонен и се пласираше во третото коло на Roland Garros, а токму овој меч беше првиот на кој Стефан беше присутен.
„Чувството е посебно, да бидам искрен не очекував дека ќе биде час и половина, што ми потврди и сопругата, но рече дека по 20 минути и рекол дека ова е океј, што е следно, каде ќе одиме да си играме или нешто друго да правиме. Таа му рекла сакаше да го гледаш тато, сега мора да останеш до крај, па така на крајот послушал. Имаше и свои пријатели, тоа се децата на нашите пријатели, кои исто така беа на трибините, па така имаше друштво“, за „Курир“ раскажа Новак.
Емотивната фотографија од првиот натпревар на кој присуствуваше Стефан, на својот Инстаграм профил ја сподели Јелена Џоковиќ, а во описот напиша „Денес прв пат го гледаше својот татко во живо“.