Девојче од Македонија ја искористи модата да испрати моќна порака: Инспирацијата ја пронајде во фустанот на Кјара Ферањи (ФОТО)

Девојче од Македонија ја искористи модата да испрати моќна порака: Инспирацијата ја пронајде во фустанот на Кјара Ферањи  (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Сигурно досега неколку пати имате налетано на Инстаграм профилот @sparklydaughter, на кој една мајка од Македонија ја покажува својата креативност. Во сето ова голема улога игра и нејзината ќерка, која е главна ѕвезда.

Веќе пишувавме за нив две и за тоа како тие од предметите кои ги имаат дома прават комбинации со кои направија вистински бум на Инстаграм. Главна инспирација добиваат од познатите ѕвезди, а сега инспирирани од уште една мега популарна ѕвезда, испратија порака која треба секој еден човек да ја разбере.

Имено, испирирани од настаните за кои зборуваше цела држава изминатава недела, а кои беа поврзани со насилството на социјалните мрежи и говорот на омраза, тие објавија неколку инспиративни фотографии, преку кои испратија моќна порака.

Освен, од насилството на социјалните мрежи и говорот на омраза, инспирација најдоа и во фустанот на Кјара Ферањи, со кој на почетокот на месецот таа направи вистнски бум.

„Во време кога секој има пристап до тастатура важно е да се знае дека секој коментар кажува многу повеќе за тој кој го пишува отколку за оној за кого е наменет!

Вие избирате што ќе напишете, а лошиот коментар во никој случај нема да направи да се чувствувате подобро, уште помалку ќе ве направи подобар човек…

Моќта е во нас да бидеме примерот кој сакаме да го видиме во другите“ - напиша креативната мајка покрај фотографиите со кои ги освоија сите. 

На истите, нејзината ќерка носи бели панталони и маичка, додека на трегерите кои ѝ ги држат панталоните имаат закачено голем дел од негативните коментари со кои секојдневно се среќаваме на социјални мрежи, но и нивните спортивности - односно позитивни коментари.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: