Креативноста не познава граници: Мајка од Македонија на уникатен начин ја трансформира својата ќерка во најпознатите ѕвезди

Креативноста не познава граници: Мајка од Македонија на уникатен начин ја трансформира својата ќерка во најпознатите ѕвезди

Објавена во: Мода // Moj стил

За да бидете забележани на социјалните мрежи, освен факторот среќа, важна улога игра креативноста и имагинацијата. Сега сигурно би кажале дека тоа им успева само на оние кои живеат во Америка или пак низ европските метрополи, но веднаш ќе ве демантираме и за тоа имаме добра причина.

Имено, под името @sparklydaughter креативноста на една мајка направи вистински бум на Инстаграм. На овој профил под мотото „Креативност за невозможното да стане возможно“, може да најдете кративни фотографии на кои главна ѕвезда е нејзината ќерка.

За добивањето на овие кративни фотографии, оваа мајка користи предмети и производи кои ги има дома - од листови марула, па сѐ до ќеси за ѓубре и ракавици за чистење. 

На овој профил, може да ги видите ре-креирање на модните комбинации на познатите ѕвезди во кои се појавуваат на црвените килими, но и фотографии кои се инспирирани од природата.

Првата креативна фотка, која може да ја најдете на овој профил кој сигурно ќе ве расположи и инспирира е онаа на која девојчето „носи“ здолниште од марула, а последната фотка е онаа на која девојчето е облечено во ре-креаираната модна комбинација во која на еден црвен килим се појави Соланж Ноулс, сестрата на познатата Бијонсе.

Во продолжение погледнете ги фотките, кои нас дефинитивно нѐ освоија, а доколку и вие имате желба да станете вирални, време е да ги пуштите имагинацијата и креативноста да ви излезат на виделина.








Р.Х.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: